Кинескиот гигант го пушти првиот брод со кого ќе ги транспортира своите автомобили
Водечкиот светски производител на нови енергетски возила (NEV) и батерии за напојување, започна ново во своето постоење. BYD со Explorer No.1 започнува сопствен поморски транспорт на своите возила. Бродот беше официјално испорачан во пристаништето Јантаи на 10-ти јануари, а веќе е на пат кон Европа. На своето инаугуративно патување, 200 метри долгиот брод носи 7.000 возила.
Посветеноста на зелените технологии BYD ги демонстрира и во Explorer No.1. кој е опремен мотори способни да работат на конвенционално гориво и на течен природен гас. BYD постигна извонреден подвиг во 2023 година бележејќи неверојатен раст од 334,2%. Во меѓувреме, неговата вкупна годишна продажба на возила на нова енергија (хибриди, приклучни хибриди и БЕВ) се искачи на над 3,02 милиони единици, зацврстувајќи го статусот на BYD како најголем производител на овие возила во светот. Во текот на следните две години уште седум бродови се очекува да се приклучат на флотата која ќе ги носи возилата на BYD и другите кинески производители ширум планетата.


