Три години по лансирањето BYD сеопфатно го модернизираше електричниот Atto 3 за европскиот пазар.

Со додавка Evo во ознаката овој компактен кросовер има изглед со помеки стилски елементи и нова технологија базирана на ревидираната 800-волтна архитектура. Клучна промена е што електромоторот сега е сместен на задната оска а достапна е и верзија со погон на сите тркала.

Моќноста е нарасната на 313 односно 449 коњски сили со кои Atto 3 Evo забрзува до сто километри на час за само 3,9 секунди. Максималната брзина е ограничена на двеста а зголемениот капацитет на батериите нуди автономија од 510 километри.

Изменетото ослонување назад обезбеди и поголем багажник од 490 литри, плус оној напред од уште сто литри. Внатрешноста е скромно облагородена а стандардната опрема збогатена. Цените стартуваат од 45 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER