BYD – 15 милиони новоенергетски возила

BYD ги создаде своите соништа – компанијата чие име е кратенка од Build Your Dreams досега произведе 15 милиони новоенергетски возила како што Кинезите ги нарекуваат електричните и плаг-ин хибридите.

Успехот е  поголем кога се знае дека ако за првиот милион требаа 13 години, за последните 13 месеци беа направени 5 милиони возила. Компанијата основана пред три децении со производство на возила започна во 2003-тата.

На почетокот служеше за потсмев од страна на големите играчи но сега има милион вработени и во преку 110 држави и региони низ целиот свет продава околу една петтина од своето производство. Во Европа е присутна во 33 земји со повеќе од илјада продажни места кои до крајот на 2026-тата треба да се удвојат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER