BYD повреден од Volkswagen!

Смени на врвот

Ако Tesla повеќе никој не може да ја стигне според пазарната капитализација, зад неа на ранг-листата највредни светски автомобилски компании се случуваат нешта кои никој не ги очекуваше. Имено, според најновите проценки вредноста на кинескиот BYD достигна 128,8 милијарди долари со кои стигна до третото место истиснувајќи го Volkswagen со неговата пазарна капитализација од 117,6 милијарди. На второто место е најголемиот светски производител на возила Toyota со вредност од 228,9 милијарди долари, додека Tesla суверено доминира со 728,8 милијарди. Битно да се нагласи за овие промени е дека BYD во февруари најави дека постепено ќе го укинува производството на неелектрифицирани возила. Дополнителен плус за кинеската компанија е и тоа што сама во своите погони произведува батерии и микроелектроника.

Понатаму на топ-листата следат Mercedes-Benz (77,3 милијарди долари), BMW (58,17 милијарди), General Motors (54,8 милијарди), Ford (53,5 милијарди), Stellantis (46,3 милијарди) и Honda (43,4 милијарди долари).

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER