BYD – Најпродавана марка во Кина во ноември

Статистичка борба за престиж

Пресвртот го нагласува притисокот врз сите брендови на најголемиот светски автомобилски пазар.

Продажбата на приватни корисници BYD ја зголеми за 83 отсто, во однос на истиот период лани, и при крај на ноември имаше случено 152.863 договори за испорака на возила. Продажбата на BYD беше повисока 0,3 проценти од онаа на VW и на Toyota за и 0,5 проценти. Сепак, VW Group го надмина BYD, со помош на Audi кој прокнижи 36.847 продадени возила со четири прстени. Продажбата на мало на Tesla во Кина речиси двојно се зголеми во ноември во однос на претходната година, откако американскиот производител на автомобили ги намали цените и понуди стимулации за своите Model 3 и Model Y.

Овие податоци се значајни и ја покажуваат состојбата на пазарот во Кина каде севкупната продажба на мало на автомобили произведени во Кина падна за 7 отсто на годишно ниво во однос на просечната дневна продажба. Етаблираните светски производители на автомобили, освен Tesla, ја губат продажбата и падот на уделот на пазарот во Кина од нивните домашни ривали кои ги освојуваат потрошувачите со поширок опсег на достапни електрични возила и функции како забава во автомобилот и автономно возење. Дека ружите не цветаат се виде пред еден месец кога Групата Стелантис објави дека Jeep се повлекува од Кина, што се смета за првиот неуспех на партнерско вложување со кинеска компанија во ерата на ЕВ.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER