За да ги поддржи своите амбициозни планови за проширување на продажната мрежа од илјада на две илјади дилерски места идната година, BYD во Европа го лансираше малиот Atto 2 кој ќе биде достапен со две погонски групи. Електричната верзија на субкомпактниот кросевер долг 4,3 метри ќе има батерии од 45 киловат-часа и автономија до 500 километри.
Ќе го задвижува електромотор со 174 коњски сили а цената се очекува да стартува од 34.000 евра. Подоцна се очекуваат и изведби со поголеми батерии. Интересна за купувачите ќе биде и суперхибридната DM-i варијанта со напредни технологии веќе докажани кај Seal U и Seal 6.
Нејзини клучни компоненти се два електромотора со интегриран контролер, Blade батерии и високоефикасен 1,5 литарски бензински агрегат. Развиен посебно за оваа намена доаѓа со две нивоа на излезна силина од 166 и 212 коњски сили и главно служи за полнење на батериите.
Но кога е потребна поголема сила системот автоматски преминува во паралелен хибриден начин на работа и го ангажира за задвижување на тркалата. Оваа верзија на Atto 2 постигнува потрошувачка од само 1,8 литри на сто километри а со полни батерии и резервоар со гориво има вкупна автономија од илјада километри.


