Bugatti Mistral Roadster – Лебедовата песна на W16

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Последниот модел со легендарниот мотор!

Смотрата на луксуз и естетика во Пебл Бич е место каде се претставуваат врвни изведби на автомобили. Токму ова место беше одбрано за лансирање на најновиот модел од Мулуз, кој воедно ќе биде последен со W16 моторот со четири турбо полначи кој беше еден од најмоќните во светот и заштитен знак на Bugatti.

Bugatti Mistral Roadster, ја користи основата на Chiron и има дизајнерски елементи инспирирани од минатото на компанијата. Тоа е првиот модел на компанијата од доаѓањето на Мате Римац на нејзино чело и последниот што нема електрична поддршка. Името дадено според морскиот ветер е веќе користено во автомобилскиот свет за перформансни изведби, но оваа е најсилната досега.

Со 1.577 КС, моќниот роудстер е се она што љубителите на отворени автомобили можат да посакаат, а тоа што нема покрив само иде во прилог на „ветерот во косата“ и подобро слушање на звукот на колосалниот W16. Тој има осум литрена зафатнина и со помош на четири турбо полначи ја произведува монструозната сила.

Ова е последна еволуција на бензинецот претходно ангажиран во Chiron Super Sport 300+ со кого официјално достигна  490.484 км/ч. Во роудстер каросеријата, поради намалената аеродинамика,  агрегатот постигнува послаби крајни вредности, но целта е јасна, на купувачите да им се понуди најбрзиот „отворен“ модел на планетата!

Неговата испорака е закажана од 2024 година, ќе се произведе во 99 парчиња и секој од нив чини пет милиони евра. Само за информација, сите најавени примероци се веќе продадени, па нормално е да се очекува дека оние што не стигнале на време да го уплатат ќе може да го купат за некое милионче повеќе.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER