Bugatti – Divo 1

Вести насловна

Последниот вистински Bugatti?

Со последниот од 40-те произведени Divo 1, Bugatti мора да го сврти листот

објавено 27. јули 2021

Со напуштањето на студиото во Мулуз на последниот примерок на хипер автомобилот Divo 1 завршува една етапа во историјата на марката.

Скоро во исто време, на годишното генерално собрание на Volkswagen AG објави дека Bugatti треба да се вклучи во заедничкaта компанија со Rimac и, повеќе од сигурно, W16 моторите да ги префрли во својот музеј. Ова е втора голема пресвртница во повеќе од 110-годишната историја на француската луксузна марка. Bugatti Divo 1 се разликува оптички и технички од Chiron, а благодарение на потенката странична линија и дополнителните влезови на воздухот, како и на LED фаровите со бумеранг дневни светла, се чини дека е порамен и поспортски.

Задниот дел со комплексното 3-Д задно светло доминира како дел од задната решетка, додека подигнатиот дифузер ја зголемува ширината на задницата. Погонот е 8,0 литарски W16 мотор со 1500 КС. Сопственикот на последниот Divo 1, со големо чувство на традиција, го нарача со препознатливата боја Bugatti EB 110 LM Blue и потсетува на последниот официјален тркачки автомобил на Ле Ман на Bugatti, Blue Carbon. Името Divo потекнува од францускиот пилот и возач на трки Алберт Диво.