Последниот Chiron
Првиот ден на февруари 2023 е резервиран за аукцијата во париската филијала на Сотбис каде на продажба ќе биде ставен последниот Chiron со W16 мотор. Се очекува сумата да биде вртоглава, а дел пд приходите ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Наставката Profilée кажува дека е уникатен во семејството Chiron, развиен како помалку радикална интерпретација на Pur Sport чиј карактер е задржан. Тој е придвижуван од истата верзија на Bugatti W16 со 1500 КС, со однос на менувачот за 15 проценти пократок од Chiron Sport3. Profilée забрзува од 0 до 100 km/h за 2,3 секунди, од 0 до 200 km/h за 5,5 секунди и максималната брзина од 380 km/h е за 30 км/ч поголема отколку на донаторот. Има мали промени на шасијата, употребени се поцврсти пружини и задната оска има зголемена заобленост што обезбедува подобар стисок во свиоците без да се загрози удобноста при возењето.