Како изгледа возењето со 490 km/h (видео)?
Објавено на 2 септември 2019 година
Bugatti долго време одбиваше да се изјасни колку е максималната брзина на Chiron – сега знаеме и зошто. Имено, аеродинамично доработен, нивниот хиперавтомобил успеа да ги собори сите рекорди што можете да ги замислите, постигнувајќи брзина од дури 490,484 km/h (304,773 mph)! Зад управувачот е фабричкиот тест-возач, а брзината забележана со помош на ГПС. Како изгледа тоа, погледнете во видеото.
Видео