Bugatti – Во следната декада нема да има спортско корисно возило ниту БЕВ!

Сè уште верен на цилиндрите!

Bugatti досега се спротивставуваше на пазарните трендови и нема најавено дека ќе лансира спортско корисно возило ниту чисто електричен погон во скора иднина. Неодамнешните извештаи покажаа дека компанијата со седиште во Мулуз наскоро би можела да го попушти поред трендовите, но нема ништо конкретно во тој поглед. Тоа го потврди никој друг, туку Мате Римац, извршниот директор на Bugatti Rimac и основач на хрватскиот производител на електрични хипер автомобили, кој даде куса изјава за германскиот Automobilewoche на оваа тема. „Чисто електрична верзија не е вклучена во нашиот десетгодишен план за Bugatti“, рече Римац. „Исто така, нема да има теренец“. Но, тоа не значи дека компанијата ги негира сите форми на електрификација. Првиот човек на компанијата цврсто верува во оваа технологија и го гледа употребливиот електричен опсег како клуч за иднината на марката. Како резултат на тоа, можно е наследникот на моќниот Chiron, и неговите деривати, да бидат приклучни хибриди со целосно електричен опсег до 50 км.

Во прилог на планот е одлуката дека следниот хиперавтомобил на Bugatti нема да го користи познатиот 8.0-литарски W16 мотор со четири турбо полначи, туку ќе биде заменет со помал агрегат што ќе има електрична помош, комбинација за која сè уште ништо не се знае. Последниот модел кој ќе го понесе колосалниот мотор, тоа е неодамна претставениот Mistral, чини повеќе милиони долари и тиражот е ограничен на 99 единици. Bugatti да се ​​држи настрана од ерата на целосно електричен погон е храбар потег, особено затоа што Rolls-Royce, Bentley, Porsche, Aston Martin и Lamborghini имаат теренци, па дури и Ferrari се подготвува откривањето на вакво возило. Истите марки се подготвуваат и за батериски електрични погони. Сепак, Bugatti сака да остане тоа што е и да биде надвор од трендовите на индустријата што е можно подолго.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER