Британската влада гo олабавува притисокот

Американските царини го олабавија притисокот врз автомобилските производители во Велика Британија.

Британските власти беа можеби најригидни со роковите за комплетно укинување на погонот со внатрешно согорување, но сега наоѓаат разбирање за производителите. Планот за брзо воведување на БЕВ ќе почека подобри времиња. Дежурен виновник е американскиоиот претседател Доналд Трамп и воведувањето на царините за возила во САД.

Британската влада беше критикувана за зададениот рок до 2030 година потполно да ги укине возилата со мотори на согорување. За воља на вистината, таа не ретерираше од оваа одлука, но го продолжи рокот за хибридни и приклучни хибриди автомобили и комбиња да може да се продаваат до 2035 година. До 2035 година може да се продаваат и нехибридни комбиња со погон на бонзин или дизел. Мерките вклучуваат и намалување на казните што автопроизводителите мора да ги платат доколку не можат да се усогласат со целите за продажба на BEV.

Од секое правило има исклучоци, па и за ова. Aston Martin, Bentley, McLaren и Morgan се исклучени од оваа одлука. Според новите правила, малите производители на автомобили ќе бидат ослободени од продажните цели за BEV во обид да се спаси британскиот ултралуксуз, суперавтомобили и напредниот инженеринг од Велика Британија со цел да се заштитав околу 200.000 работни места кои се директно вклучени во производството на автомобили. Во Велика Британија минатата година, иако пазарот бележи раст, само еден од 10 индивидуални купувачи на автомобили избра да купи BEV.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER