Нови цени на горивата :: Браво за нас!

Браво за нас!

Објавено на 28 мај 2018 година

Со новите цени на горивата, Македонија гордо чекори кон Европа – уште малку па ќе ги стигнеме. Навистина, не треба многу – ако поскапуваат на секои две недели по два денари како што вели Регулаторната комисија за енергетика, брзо ќе ги стигнеме и ќе ги поминеме. Дотогаш ни останува да се возиме за по 73,50 денари за литар од еуросупер БС-95, 75,50 за еуросупер БС-98 и 65 денари за литар еуродизел Д-Е V колку што од утре ќе изнесува нивната малопродажна цена. Заслужни за големите чекори напред како и секогаш се светските трендови, кои ја поскапеа суровата нафта во изминатиот 14-то дневен пресметковен период за 4,73%, доларот за 1,466% и референтните цени на бензинот за 5,5% и на дизелот за 5,81%. За да не останеме премногу далеку зад нив, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучи да се изврши зголемување на нашите рафинериски цени на нафтените деривати во просек за 5,56%, а на малопродажните за 3,90%.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER