Brabus 1000 – Ако летото не е доволно жешко…

Базиран на Mercedes-AMG GT 63 S E Performance, Brabus повторно направи подвиг

Кога е Brabus во прашање нетреба ништо да изненадува. Со децении официјалниот тјунер на Mercedes ги прави моделите на штутгардската ѕвезда екстремни во сите смерови, а сега ни приреди екстремна интерпретција на екстремното. Предмет на трансформацијата е Mercedes-AMG GT 63 S E Performance, но сега препознатливата каросерија е направена од јаглеродни влакна. Постигната е оптималната рамнотежа на предната и задната оска, а благодарение на совршено проектираните аеродинамични компоненти, загарантирана е извонредна стабилност при возење дури и над 300 км/ч. Под хаубата на Brabus 1000 се наоѓа најсовремен хибриден погонски систем кој комбинира 4,5-литарски V8 битурбо мотор со моќен електричен погон, постигнувајќи системска моќност од 1.000 КС и забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,6 секунди, дедека максималната брзина е електронски ограничена на бројката 320. Рачно изработената внатрешност зборува сама за себе. Па така, нема да трошиме зборови на опишување, туку ќе ве поканиме да го изгледате видеото и галеријата што ви ја подготвивме.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER