Bowler Hat Car Club – Друштво на необични дами и господа

Клубот Bowlers постои од 1849  и е заедница која акцентира високи морални и социјални вредности кај членовите.

За прв пат на нашите простори е направена номинација на членовите на Bowler Hat Car Club, дами и господа кои се посветени на традицијата, автомобилите и убавото живеење.

Bowler Hat Car Club е друштво посветени на уживањето во префинетите патувања, избраното друштво и трајните традиции на вистинските дами и џентлмени. Членовите се љубители на егзотични моторизирани патувања, каде патот станува сцена nа елеганција, комуникација и култивирано уживање.

Членовите ја ценат фината облека, уживаат во ритуалот на внимателно одбрани хедонистички производи и воедно ја почитуваат уметноста на извонредната гастрономија.

Во рамките на клубот, префинетиот вкус не претставува претерување, туку израз на вкус, мерка и карактер.

Потрагата по убавина, стил и квалитет во сите сфери е водена од стандарди веќе потврдени низ времето. Да се биде член на Bowler Hat Car Club значи да се припаѓа на круг во кој достоинството, дискрецијата и господското однесување не се стремеж, туку начин на живот.

Носителот на „полуцилиндерот“ треба да поткрепи високо ниво на квалитети и морални норми. Во автомобилскиот свет, возачите од оваа заедница имаат ритуално искачање од возилата како и ритуално движење во јавноста.

Да се постане Bowler е обврска да се негуваат вредностите на кои кандидатите се обврзуваат. Bowlers заедницата е распостранета во сите пори на општеството.

Од нас честитки за смелоста и обидот да се аплицираат во нашето општество „империјалните вредности“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER