BMW i8 » Лебедовата песна испеана во Лајпциг

Занимливости

Лебедовата песна испеана во Лајпциг

Најавуван со голема помпа BMW i8 отиде тивко во историјата

објавено на 02.07.2020

За сите љубители на електрични и хибридни возила BMW i8 беше остварување на сонот. Ултра спортски изглед, сосема добри спортски карактеристики и шестоцифрена цена. Веднаш на почетокот се чувствуваше дека нешто не штима… Дали тоа беше три цилиндерскиот мотор на внатрешно согорување, сосема не практичниот дизајн за исползување вон патека или астрономската цена?

Сепак, од почетокот на продажбата во 2014 година стана јасно дека перспективата на овој модел е магловита. За воља на вистината за шест години беа продадени 20.000 примероци што беше разочарувачки податок за баварските маркетери. Пред неколку дена последните 18 возила ја напуштија фабриката во Лајпциг. Производството на BMW i8 е комунициран како подвиг на модерна автомобилска конструкција, благодарение на концептот на возилото, погонската технологија и уникатната мешавина на пластики засилени со јаглеродни влакна (CFRP) и алуминиум. Но, последните 18 модели се специјални сами по себе бидејќи секој од нив е претставен во боја која досега не беше употребувана за i8 што го направи производството и логистиката далеку покомплексни. Такво испраќање и го заслужи помпезно најавениот модел. За жал ова е неуспешна приказна за Баварците и авантурата наречена i8 може да ја изкоментираме со нашата поговорка: Дал дедото денар да се фати на оро, платил десет за да го пуштат да излезе.

клучни зборови: ,