iX5 Hydrogen во пилот производство
Она што го најавија пред три месеци баварците почнаа да го реализираат.
Не е тајна дека BMW и Toyota тесно соработуваат во развојот на технологијата на горивни ќелии, а почетокот на производство од сопствените капацитети Германците веќе го остваруваат. Малата серија на првото спортско-корисно возило со технологија на водородни горивни ќелии, сино-белиот пропелер го реализира во пилот-погонот на сопствениот центар за истражување и иновации.
Од пролетта 2023 година ќе се користи како технолошки демонстратор за мобилност без CO2 во одредени региони. Самата каросерија на конвенционалните X5 модели доби нова подна архитектура која им овозможува на двата резервоари за водород да се сместат во централниот тунел и под задната клупа. Електричниот мотор, кој се наоѓа во близина на задната оска заедно со батеријата, се користи и во моделите на BMW кои работат на батерии и plug-in хибридни модели. Системите со горивни ќелии се под предната хауба на BMW iX5 Hydrogen и се произведени во сопствениот центар за водород на BMW. Погонот има моќност од 275 kW. Започнувајќи од следната година произведените примероци на iX5 Hydrogen ќе преминат во фаза на тестирање во која ќе се поминат стотици илјади километри.


