BMW – Збогум на V12

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Од јуни во музеј

По 35 години служба во најекслузивната изведба на BMW, „дванаестката“ во пензија.

Кариерата дванаесетцилиндричен мотор ја започна во втората генерација на серијата 7 пред речиси три и пол децении. Од самото појавување беше јасно дека ја загрозува неприкосновената S-Class на Mercedes. Болидот од Баварија испорачуваше 300 КС, а уште тогаш беше електронски ограничена максималната брзина на 250 km/h. Во најдобрите времиња, ултимативната изведба со V12 мотор се искачи во двоцифрено процентуалено учество во продажбата на „седумката“. До сегашната шеста генерација на модели, BMW се снајде со дванаесетцилиндричниот агрегат, кој набрзо се најде и во различни модели на Rolls-Royce. Но, сега е готово, барем за баварската лускузна лимузина. Во Германија, M760i, и беше достапен и во посуптилна изведба Excellence, веќе некое време не беше достапен за нарачка. Преживеа во САД каде се уште е на ценовникот. И тоа ќе биде за кратко бидејќи BMW го објави крајот на производството во јуни 2022 година на „последната машина со дванаесет цилиндри што некогаш била вградена во автомобил на BMW“. Последните дванаесет примероци ќе се продаваат под името на моделот BMW M 760i Final V12, по цена од 200.000 долари. За таа цел, BMW ја прошири и онака раскошната опрема на M 760i со специјални бандажи од 20 инчи, странични рабови и капак на моторот со натпис „THE FINAL V12“. Сите останати кои би сакале да возат германска седан со дванаесет цилиндри во иднина може да се обратат само во Штутгарт. Некогаш декласираната S-класа сè уште е достапна со дванаесет цилиндри како Mercedes-Maybach S 680.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER