BMW – започна производството на iX

Вести

Голема перспектива

Стандардното производство на електричниот iX започна во Динголфинг

објавено 08. јули 2021

За да го исполни даденото ветување дека испораката на iX ќе започне во ноември на сите пазари, мулти наменската фабрика на BMW во Динголфинг веќе го произведува кросоверот. Работниците се високо обучени бидејќи во оваа постројка се произведуваат сериите 5, 7 и 8. Во рамките на погоните функционира оддел каде се склопуваат батериите на моќниот iX.

Тој се нуди со погон на сите тркала, распон на моторите од 326 до 600 коњи и загарантирана автономија од 425 километри. Способен е да повлече струја доволна да се поминат 95 километри за десет минути, а на брз полнач за половина час може да ја наполни батеријата до 80%. Во фабриката во Динголфинг направена е дополнителна инвестиција од 400 милиони евра за да се оптимизира производството на потполно електричниот модел.

Покрај стартувањето на изработката на iX, на есен започнува производството на новиот потполно електричен BMW i4. Целта е веќе следната година во оваа фабрика  да се произведат електрични погони за повеќе од 500.000 возила.