BMW X7 – Dark Shadow Edition

Top News фото галерии

Само за колекционери и рапери

Најновата, воедно и најексклузивна верзија на Х7 лимитирана на 500 парчиња

објавено на 27.07.2020

Прецизните детали за дизајнот и карактеристиките на надворешноста и ентериерот му даваат на новото издание на BMW X7 статус на колекционерско парче. ”Темната сенка”, како и сите модели со ознака Х ќе се произведува во фабриката на BMW во Спартанбург во ограничено издание од 500 единици, наменет е за сите пазари  ширум светот и може да се комбинира со сите мотори понудени за BMW X7. Импозантната харизма на BMW X7 се покажува преку уникатните карактеристики на одделението за Индивидуален дизајн и опрема дополнета со силно нагласени спортски и луксузни цитати Највпечатлива карактеристика на каросеријата е специјалната завршна боја во металик Frozen Arctic Grey.

Динамичниот карактер на го потенцираат аеродинамички оптимизираните елементи за каросерија од спортскиот пакет М. Друга ексклузивна карактеристика на ”Темната сенка” се 22-инчните тркала од лесна легура во мат боја опремени со пневматици со различни димензии на предните и задните тркала. Можеме многу епитети да употребиме за оваа лимитирана серија која се очекува најмногу да се нарача со четири литрениот V8 би-турбо бензински мотор со 538 коњи, но ќе ве оставиме сами да уживате во фотографиите. Доколку некој сака лично да ужива во BMW X7 Dark Shadow ќе мора да одвои бело спечалени околу 200.000 евра.