BMW – X7

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Политура на дијамантот

Во согласност со најавените активности за годинава BMW го избруси Х7

Со својата неповторлива комбинација на ексклузивност, динамичност, раскошна просторност и разноврсност, BMW X7 брзо се разви во најуспешниот BMW модел во луксузната класа. За да остане така направен е фејслифт кој, покрај естетските, подразбира и технички освежувања на карактерот на најголемото баварско спортско-активно возило. Проширена е палета на стандардна опрема, понудени се дополнителни системи за помош на возачот и подршка од умерен хибрид со 48V технологија за трите понудени варијанти на мотори. Опсежните модификации на дизајнот уште поживописно ја нагласуваат визуелната ексклузивност на најголемиот BMW X модел. Новоструктуираниот преден дел ги опфаќа препознатливите дизајнерски знаци, како што се двојните фарови и бубрежната решетка. Во нивната ново интерпретирана форма, овие карактеристики го нагласуваат исправениот став и го зајакнуваат неговото присуство на патот. Опционалниот, новодизајниран M Sport пакет сјае уште посилно преку специфични дизајнерски карактеристики на надворешноста и во внатрешноста. На новиот BMW X7 стандардно се поставуваат 20 инчни тркала а по желба може да се растегнат до 23 инчи. Палетата на мотори ја предводи новиот 4,4-литарски бензинец V8 за X7 M60i xDrive. Технологијата M TwinPower Turbo испумпува 530 КС и 750 Nm и перформанси достојни за „најбрзата буква на светот“. Своето деби во раскошната каросерија го има најновата генерација на линискиот шест цилиндерски мотор резервирана за изведбата xDrive40i со зголемена моќност за 47 коњи и сега бележи 380! За љубителите на дизелот направени се детални модификации што донесоа подобрувања на неговата економичност и намалување на емисиите на CO2 со запазена моќност од 352 КС и мамутски 700 Nm. Најважната заедничка карактеристика на трите мотори е интегрирањето на новата генерација 48V благ хибрид технологија. Во својата најнова инкарнација, оваа форма на електрификација се состои од генератор за стартување монтиран на коленестото вратило, интегриран во менувачот и придонесува со дополнителни 9 kW/12 КС моќност и дополнителни 200 Nm вртежен момент. Сите мотори се впарени со осум-брзински Steptronic Sport менувач, вклучувајќи лопатки за менување на воланот и функција Sprint. Интериерот зборува сам за себе. Достоен на епитетот „најлуксузното спортско-активно возило на BMW“, во него тешко дека ќе се најдат забелешки. Може многу зборови да се потрошат во неговото опишување, но тоа би било Сизифова работа. За жал, префинетите материјали со нивна врвна вкомпонираност, само малкумина ќе го доживеат. Ова е луксузно возило на тема теренец и само како такво треба да се гледа. Х7 е статусен симбол кој има директни родбински врски со Rolls Royce Cullinan и во некои изведби му се приближува со цената. Најавен помпезно, избрусениот Х7 на пазарот ќе се појави на есен, па немојте да се изненадите доколку почетната цена ја надмине границата на 120.000 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER