Вообичаени зафати за втора младост
Сегашната четврта генерација на BMW X5 е на пазарот од 2018 година.
Будниот објектив на колегите од германскиот Auto Motor und Sport го регистрираа фејслифтот на BMW X5 кој се наоѓа во фаза на тестирање. Кратката случајна средба открива кои површини и елементи ќе бидат дел од „ретуширањето“.

Освежувањето доаѓа во средината на животниот циклус и вклучува мали визуелни и технички ревидирања на агрегатите во однос на потрошувачката и емисиите. Од надвор, иако на фотографиите со камуфлирани површини, може да се предвиди каде BMW интервенира на дизајнот. Сепак, едно е веќе јасно: основниот распоред на каросеријата на теренецот останува недопрен. Напред ќе има промени на фаровите кои имаат нов внатрешен дизајн.
Покрај тоа, Баварците ја ревидираат предната маска за да му дадат на теренецот поагресивен изглед. Истото се случува и со задниот дел каде ќе има нов браник и стоп светла, исто така, со ревидирана графички отисок. Кога станува збор за погонот, агрегатите ќе стартуваат со малку поголема моќност и малку помала потрошувачка. BMW ја имплементира технологијата на благ хибрид.

X5 моментално е достапен со три бензински и три дизел мотори. Основниот модел кај бензинците е 40i xDrive со 333 КС, следен од M50i V8 xDrive со 530 КС и верзијата М која од истиот мотор вади 625 КС. Дизелите ќе останат во понудата и тоа 25d xDrive со моќност од 231 КС, следи 30d со 286 КС и 40d со 340 КС. Единствениот plug-in хибрид останува да биде 45e xDrive со трилитарски бензинец и 394 КС. Цената за фејслифт моделот најверојатно малку ќе се зголеми, но за тоа по тоа.


