BMW серија 3 стана три милиониттиот електрифициран модел на групацијата
BMW го продаде своето три милионито возило со електрифициран погон.
Оваа пресвртница беше постигната преку значително зголемување на продажбата на целосно електричнии приклучни модели во првата половина од 2025 година.Сега компанијата бележи скор од секо четврто произведено возило да е електрифицирано. Европа е убедливо најголемиот пазар за електрифицирани возила од BMW Group. Над 60% од глобалните испораки на електрифицирани возила на компанијата беа направени за матичниот континент на компанијата.
Уделот на електрифицираните возила во вкупната продажба на BMW Group веќе надминува 40%. Особено, plug-in хибридните возила на BMW неодамна уживаа растечка популарност, постигнувајќи значително зголемување на продажбата во првата половина од 2025 година во споредба со претходната година.
Во јули, BMW Group веќе ја објави продажбата на своето 1,5 милионито целосно електрично возило, кое беше MINI Countryman произведено во фабриката во Лајпциг. Корпоративната стратегија е постојано фокусирана на електрична, дигитална и кружна мобилност за иднината. Клиентите моментално можат да изберат од повеќе од 15 целосно електрични модели од сите брендови на групацијата, како и повеќе од десет приклучни хибриди.
Ова го вклучува и ревидираниот BMW iX, кој нуди опсег од над 700 километри според WLTP. BMW Group наскоро во на салонот IAA Mobility ќе ја претстави својата нова генерација Neue Klasse електрични возила. Ние ќе бидеме таму да ве известуваме….


