BMW Panoramic Vision – Ветробранското стакло станува екран

Neue Klasse на BMW, покрај архитектурата и батериите ќе биде револуционерна и по новото ниво на инфозабава

На саемот за конзумерска електроника CES во Лас Вегас BMW реализира уште едно пионерско остварување.

Имено, мината година пред одржувањето на IAA во Минхен, домашната марка ја најави Neue Klasse, возила од кои првото, BMW iX3, ќе се реализираат годинава, а ќе биде предвесник на едно ново време во кое ќе царува напредната технологија.

25 години откако BMW го претстави првиот i-Drive, компанијата го лансира следното ниво на својата инфозабавна контрола. Развиена да стане интегрален дел на сите идни модели, најновата верзија на iDrive има четири главни компоненти. Најистакнат е инфозабавниот систем со карактеристична форма, кој се одликува со технологија за матрично осветлување.

BMW соопшти дека системот има ажурирана структура на менито, како и „лесна и удобна“ работа. Над тоа се наоѓа новиот систем на BMW Panoramic Vision, кој е екран што се протега по целата широчина на ветробранското стакло, сместен во долниот затемнет дел, кој делува исто како heads-up дисплеј. Поделен е на три дела, а оној директно пред возачот е дигитална инструмент табла.

Останатите два дела може да се приспособат со виџети кои може да се повлечат на екранот Panoramic Vision од инфозабавниот систем. Вториот дел од екранот може да собере дури шест графички контроли и тие можат да се подредат по желба. Има и опционален 3D Head-Up Display кој прикажува информации за навигација и автоматско возење директно во видното поле на возачот.

Интересно е што сите информации проектирани на Panoramic Vision ќе бидат видливи за сите присутни во кабината. BMW истакна дека употребата на два heads-up дисплеи е единствена и дека информациите ќе бидат претставени на уредно координиран начин. Додека претходните системи iDrive користеа централно контролно копче, најновата верзија во голема мера се потпира на новиот мултифункционален волан.

Се одликува со копчиња за хаптички повратни информации со добро обликувани релјефни површини кои ветуваат дека ќе го олеснат нивното наоѓање без да ги барате со поглед. Со системот може да се ракува и со помош на контрола со гестови и глас. Гласовната контрола треба да го користи „Large Language Model“ за уште подобро да разбере што сака возачот и на тој начин да стане вистински гласовен асистент.

Следна придобивка е BMW Operating System X кој е наведен како еволуција на постоечкиот и повторно се базира на Android. Ветува поголема способност за ажурирање и надградба, како и беспрекорна интеракција помеѓу различните дисплеи.

Овие придобивки први ќе ги почуствуваат оние што ќе го купат новиот iX3, првото возило од Neue Klasse чие комерцијално лансирање е закажано во рамките на годинешниот IAA закажан за септември.

Впрочем, Neue Klasse BMW ја прикажа на истата манифестација во 2023-та и најави дека е потполно нова платформа која ја носи архитектурата од 800 волти за ЕВ, ќе има нови батерии и ќе биде носител и на нови технологии како што е иновативната втора генерација на i-Drive. Од крајот на 2025 година, сите модели на Neue Klasse ќе го добијат новиот систем.

Кратко по лансирањето на iX3 на сцена треба да стапи и електричната верзија на популарната серија 3 поставена врз платформата Neue Klasse.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER