Баварците имаат големи планови за i3 и нејзината М верзија
Дефинирајќи ја својата електрична иднина, M-дивизијата на BMW е подготвена за наредниот чекор – првиот модел од Neue Klasse серијата ќе пристигне во 2027-мата.
Иновативниот погонски склоп ќе биде сочинет од четири електромотори чија моќност не е објавена но не треба да изненади ако е четирицифрена. Испораката на сила прецизно ќе се контролира на секое тркало посебно
а ќе постои и можност за целосно исклучување на предната оска – што се постигнува со тоа доста добро знаеме. Батериите ќе имаат 100 киловат-часа а за подобро доживување во возењето ќе се грижи систем кој ќе симулира промени на степените на пренос.
За внесување повеќе емоции се подготвува и посебен звучен пејсаж со генерирање звук на V8, V10 или твин-турбо шестцилиндричен мотор.


