Со време од 7:29.490 минути, BMW M3 CS Touringе најбрзиот караван на сите времиња на Нурбургринг-Нордшлајфе.
Кој вели дека караваните се здодевни!? Тоа најдобро го покажува BMW поставувајќи нов рекорд на нај комплицираната патека на светот. Со својот M3 CS Touring, патеката во должина од 20,823 километри и над 70 свиоци, BMW ја помина за 7:29,490 минути и постави репер за караваните со средна големина, а воедно, е најбрзото досега забележано време на оваа патека за караванска каросерија.
Шестцилиндричниот мотор со 550 КС го движи забрзува возилото од 0 до 100 км/ч за само 3,5 секунди, достигнувајќи максимална брзина од 300 км/ч. Моќта се пренесува преку осумстепен M Steptronic менувач, вклучувајќи Drivelogic и M xDrive систем за погон на сите тркала, обезбедувајќи ултра-динамични карактеристики на возење и врвна влечна сила.



