Само 50 примероци на 3.0 CSL
За да ја одбележи својата 50-годишнина, BMW M лансира строго ограничена специјална серија која ќе има само педесет последователно нумерирани модерни интерпретации инспирирани од легендарниот модел од 1970-тите.
Елементите на каросеријата направени од пластика засилена со јаглеродни влакна се рачно изработени од специјално назначени специјалисти за каросеријата. Ограничената серија е базиранa на M4, CSL 3.0 е наведен како независен модел. Трите букви сè уште значат купе, спортска и лесна конструкција. Односот моќ-тежина на BMW 3.0 CSL е само 2,9 килограми по КС. За погонот се грижи три литарскиот шестцилиндричен линиски мотор специјално развиен за овој модел.
Тој развива 560 КС и „врти“ до 7.200 вртежи во минута. Силата се пренесува на задната оска преку шестстепен мануелен менувач, кој има активен диференцијал. Со функцијата M Traction Control, возачот може да ги менува интервенциите на електрониката за ограничување на лизгањето на тркалата. Постојат десет нивоа за избор, а исто така е можно целосно да се деактивира контролата за стабилност при возењето. 3.0 CSL го следи својот модел не само во однос на техничкиот концепт, туку и во однос на бојата и дизајнот на каросеријата.
Највпечатлива визуелна карактеристика, осем споменатиот колорит на каросеријата се задниот покривниот спојлери како и моќно разгорените браници. Се уште не е објавена цената на BMW M 3.0 CSL а ќе може да се нарача од идниот месец.

