Водородот ќе ги потисне батериите?!
Претставен минатата година на саемот IAA Mobility во Минхен BMW iX5 Hydrogen кон крајот на годината ќе се произведе во мала серија како тест и демонстративно возило. Тоа се објави по повод пуштањето во функција на производството на системи со горивни ќелии во испитниот центар за водород на компанијата во Минхен. На оваа церемонија домаќин беше челникот на BMW, Оливер Зипсе а гостин беше премиерот на Баварија Маркус Седер.
BMW ги добива индивидуалните горивни ќелии од Toyota со која заеднички работи во оваа област речиси десет години. iX5 Hydrogen има моќност од 275 kW. Системите со горивни ќелии се произведуваат во Минхен во два главни чекори. Прво, поединечните горивни ќелии се наредени за да формираат таканаречен кластер на горивни ќелии. Во следниот чекор, сите други компоненти се склопуваат за да формираат целосен систем на горивни ќелии. Таканареченото „сложување“, т.е. редење на горивни ќелии, е целосно автоматизиран процес. Започнувајќи од следната година произведените примероци на iX5 Hydrogen ќе преминат во фаза на тестирање во која ќе се поминат стотици илјади километри. Истите возила ќе бидат употребени во демонстрациони цели за да го популаризираат погонот на горивни ќелии и еколошките придобивки. Течниот водород поминувајќи низ ќелиите се соединува со кислородот и се иницира реакција во која се добива електрична енергија, а резултат од согорувањето е чиста вода. Со ова во функција остануваат електро моторите, а нема да има потреба од масивните, скапи и не еколошки батерии.