BMW iX – Разубавен и засилен

Електричниот iX, претставен пред четири години, доби рестајлинг и повеќе сила.

Додека повеќето од електричните серии на BMW се тесно засновани на нивните сестрински модели со класичен погон, iX е поптполно самостоен.

Трите изведби добија и нови ознаки со кои BMW јасно ја декларира нивната зголемена моќност. Почетната верзија iX 45 сега располага со 300 kW што е зголемување во однос на претходникот за цели 60 kW или 86 КС. Тоа е направено и со моделот позициониран во средина на гамата.

iX 60, кој настапува наместо досегашниот 50, има 400 kW, односно 15 kW повеќе. На врвот од понудата застанува варијантата M70 со импресивни 485 kW (659 КС) и достигнува 250 км/ч, додека другите две варијанти се ограничуваат на 200 км/ч. Забрзувањата се исто така импресивни и тие се движат од 3,1 до 6,1 секунди до стотка. Сите три модели имаат погон на сите тркала.

Возачите ќе бидат задоволни од зголемената автономија, иако моделот 45 со својата помала батерија не оди толку далеку. Под најдобри услови, 60-та дури само ја надминува границата од 700 километри. Горостасниот iX на станица на полнење може да повлече до 195 kW. Сепак, iX не стана полесен.

Почетниот модел тежи над 2,5 тони. На повеќето ќе им биде тешко да го идентификуваат фејслифтот однадвор. Највпечатлива карактеристика се новите фарови со вертикални светлосни елементи. И додека iX претходно можеше да ја прикрие својата висина со темни контрастни површини, сега каросеријата е во една боја што дава монолитен впечаток на кого се вклопуваат алуминиумските тркала од 23 инчи.

Во внатрешноста има мали козметички промени, прилагодени се боите и материјалите. Во зависност од варијантата, достапни се различни M-Sport пакети, кои го надополнуваат футуристичкиот амбиент на ова спортско активно возило со конвенционални, спортски дизајнерски елементи.

Секако ажурирани се и системите за асистенција. Новите модели ќе бидат пуштени во продажба напролет, а цените веројатно благо ќе се зголемат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER