Денот на жената во BMW го украси жена

Американската филијала на BMW претстави спој на уметноста и иновациите во облик на електричниот i5.

Ова единствено возило е украсено од јужноафриканската уметничка Естер Малангу со користење на технологии развиени од баварската фирма кои овозможуваат промена на боите.

На неговата каросерија се нанесени слоеви кои можат електронски да се анимираат, создавајќи уникатно уметничко изразување. Конкретно употребени се вкупно 1.349 ласерски исечени парчиња со милиони микрокапсули чија боја индивидуално може да се контролира.

Но иако потенцијалот за комерцијална примена на вакви  решенија е голем, моментот кога тоа ќе се случи е сé уште многу далеку и од BMW не кажуваат ништо за тоа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER