BMW Group & Tata Technologies – Заеднички развој на софтверски дефинирани возила

BMW ќе ја искористи експертизата за дигитално инженерство на Tata Technologies и базенот на таленти во Индија

Стратешкото проширување на BMW во полето на софтверско дефинирани возила е нов чекор во еволуирањето на возилата кон автономно возење, но и подобрување на услугите и престојот во возилата, како и зголемување на безбедноста. Индија е една од светските информатички сили, па потегот на баварците не треба да зачудува. Серијата 7 на BMW има технологија за автономно возење на ниво 3 која овозможува секундарни активности додека се управува со возилото.

BMW Group и Tata Technologies заедничко ќе развиваат софтвер за автомобилите, вклучувајќи софтверски дефинирани решенија за возилата на BMW. Во автомобилскиот софтвер, фокусот ќе биде ставен на автоматското возење, инфозабавните и дигиталните услуги. Во деловната ИТ акцент ќе биде ставен на дигитализација и автоматизација на развој на производи, производство и продажба. Заедничкото вложување ќе им даде на индиските софтверски инженери шанса да обликуваат најсовремени, врвни автомобилски искуства во идните области како што се високо автоматизирано возење и вештачка интелигенција.

BMW и Tata Technologies ќе имаат по 50 проценти од акциите во новоформираната компанија. Заедничката компанија ќе започне со работа со 100 вработени и таа ќе порасне на четирицифрена бројка во следните години. BMW во своите центри за ИТ и софтвер во Германија, САД, Јужна Африка, Индија, Португалија и Кина, создава до 140.000 софтвери дневно за својот софтвер ECU.

Тата Технолоџис, единица на Тата Моторс, врвниот производител на автомобили во Индија, обезбедува инженерски и технолошки услуги за компаниите за автомобили, воздухопловството и тешки машини.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER