BMW – Горивни ќелии

Вести

И Баварците на хидроген

Бројот на производители што веруваат во хидрогенот расте!

објавено 22. јуни 2021

Кратка но значајна вест пристигна од BMW. Кокетирањето со хидрогенот како погонско гориво во таборот на Баварците трае подолго време, но сега доаѓа до реализација на проектите. Следен за испитување е погонот на горивни ќелии наречен i Hydrogen Next кој се испраќа на пробна турнеја. Системот е имплементиран во кросоверот X5 кој како FCV (возило со горивни ќелии) развива моќност од 374 КС.

Компанијата последен пат експериментираше со водород пред повеќе од десет години. Во тогашниот проект на водород за што послужи серијата 7, се вбризгуваше водородот во моторот на внатрешно согорување, наместо да произведува електрична енергија за електричен погон. За разлика од претходниот  кој застана на ниво на тестирање, BMW со новиот проект планира да произведе мала серија возила до крајот на следната година. Судејќи според плановите за реализација и масовното прифаќање на технологијата на горивни ќелии времето на батериите се одбројува.