BMW 3 – Освежената „тројка“ паркирана во М-Кар

На фотки убава, уште поатрактивна во „живо“!

Неполни два месеца по најавата дека излегува рестилизираната генерација на актуелната серија 3, таа е веќе изложена во македонскиот конзулат на Баварците.

Компактната лимузина е еден од најпопуларните модели во класата, па BMW се потруди да го приближи во изгледот и опременоста со најновите изведби на куќата. На тоа, секако, прилега новата маска на ладилникот и редизајнираните LED светла кои даваат силен визуелен впечаток. Интервенирано е и на задните светлосни групи па сега целината изгледа пософистицирано. Интериерот на рестилизираната „тројка“ е типичен за марката. Возачот е во центарот на вниманието и околу него е распослан инфо-забавниот систем. Погодност на освежувањето е збогатената стандардна опременост на која ѝ се приклучи осум степениот автоматски менувач кој наместо палка доби дискретен прекинувач. Тој ќе ја пренесува силата на четирите бензински и исто толку дизел мотори со четири и шест цилиндри и спектар од 156 до 374 коњи. Од самиот старт на продажбата достапни се моќните  BMW Performance изведби со нагласени спортски карактеристики и погон на сите тркала xDrive. Покрај електрификацијата на која BMW работи забрзано, императив е безбедноста.

Веќе од стартното ниво на опременост долга листа на асистенти му помагаат на возачот во неговите задачи. Кога сме кај стартното ниво треба да се истакне дека ценовно започнува од 45.370 евра за изведбата 318i, а за вистинските сладокусци интересна ќе биде M 340i со 374 коњи која се нуди од 73.000 евра.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER