BMW – 2 Active Tourer

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Форма и функција

Поголема решетка и заоблен дисплеј надополнети со хибриди

објавено 07. октомври 2021

Крајот на февруари идната година е закажан како термин за лансирање на втората генерација Active Tourer. Тоа се поклопува со неодамна потврдениот Салон на автомобили во Женева, па оваа најава може да се окарактеризира како тамошна премиера. Претпоставките ќе ги оставиме на страна. Да се посветиме на фактите. Однадвор забележлива е значително поголемата решетка со предимензионираните „бубрези“, додека однатре редизајнот вклучува заоблен дисплеј во стилот на BMW iX.

За лансирање на пазарот, постојат четири варијанти на модели со погон на предните тркала и моќност на моторот од 136 до 218 КС, вклучително и дизел. Во текот на идното лето ќе следат два плаг-ин хибриди. Каросеријата е проширена давајќи акцент на комодитетот и видливоста. Стандардно BMW серијата 2 Active Tourer има целосни LED фарови меѓу кои е поставена големата маска. Големо внимание е посветено на аеродинамиката па многу детали се во нејзина функција како рачките на вратите кои се рамни со телото, издувните цевки се невидливо интегрирани во задниот браник а целата форма остава монолитен впечаток.

Поголема функционалност во внатрешноста и подобрена удобност при долги патувања е задачата на Серија 2 Active Tourer. Стандардната опрема вклучува контрола на темпото на возење со функција за сопирање и предупредување за пречки пред возилото, чиј опсег на функции сега вклучува и откривање на сообраќај што доаѓа при свртување на лево и пешаци или велосипедисти при свртување на десно. Во листата на стандардна опрема се вбројува „Помошникот за паркирање“ со камера за возење на назад со активна асистенција. Повеќе детали ќе се објават кон крајот на годинава.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER