BMW – Седум тројки во Лајпциг

Полнолетноста се прославува милионерски

Откако беше пуштена во употреба во 2005 година, фабриката на BMW во Лајпциг произведе 3.333.333 возила

Приказната започна со изработката на серијата три кога прв од производствената лента во Лајпциг излезе  BMW 320i. За овие 12 години дури 15 модели се произведуваа во оваа фабрика, а во моментов од лентата излегуваат BMW Серија 1, BMW Серија 2 Gran Coupe и BMW 2 Series Active Tourer. По игра на случај BMW 128ti ги понесе седумте тројки, односно стана 3.333.333 автомобил произведен во таа фабрика.

Во нумерологијата се вели дека бројот три има посебно значење и често се поврзува со среќа, успех, различност и креативност. Таков е моделот носител на седум тројки. Каросеријата офарбана во Мелбурн црвена боја испод хаубата носи дво литрен TwinPower Turbo мотор кој испорачува 265 КС. Првиот „BMW направен во Лајпциг“ се случи во  март 2005 година. Шест години подоцна, во декември 2011 година, дојде BMW 116d со кого се прокнижи милионитиот автомобил. Во октомври 2016 година производствениот биланс достигна два милиони, а тоа беше електричниот BMW i3. Поминаа пет години за да се прослави  тримилионитиот автомобил.

Тоа беше BMW M240i кабриолет. Следниот предизвик ќе биде да се произведе четири милионитото возило, но кое ќе биде, тоа ќе е енигма. Новиот MINI Countryman ќе се произведува токму во Лајпциг и ќе биде четвртото во портфолиото на актуелно производство.

Сите ќе бидат правени на една производна линија со избор од три различни типа на погон и тоа со мотор со внатрешно согорување, plug-in хибрид и целосно електричен. За да се овозможи ова, производствениот капацитет во Лајпциг постојано се зголемува откако фабриката почна да работи пред 18 години. Сега може да произведе до 350.000 автомобили годишно за разлика од 54.000 во првата година на работа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER