Првите модели базирани на Neue Klasse ќе бидат седан и кросовер со средна големина.
Кога BMW го лансираше i3 пред една деценија, компактното БЕВ претставуваше голема промена за производителот. i3 имаше нов концепт на погон, нови материјали, ново производство и нов дизајн заснован на одржливост. Ниту еден конкурент немаше ништо слично.
Neue Klasse ја претставува најголемата инвестиција во историјата на BMW бидејќи компанијата пак ќе лансира целосно електричен автомобил кој неверојатно се разликува од остатокот од автомобилскиот свет. Кај Баварците Neue Klasse ја отелотворува транзицијата кон електрична и дигитална мобилност. За таа цел беше развиена посветена архитектура од 800 волти.
Во срцето на системот се наоѓа високонапонска батерија која нема модуларен дизајн. Наместо да е поставена на основна плоча, батерискиот пакет е дел од структурата на телото на возилото за да се намали тежината и трошоците за склопување. Воедно, BMW ќе се префрли од призматични на цилиндрични ќелии и ќе профитира од подоброто пакување, помалата вкупна висина и поголемата енергетска густина.
Во моделите Neue Klasse деби ќе има шестата генерација на BMW eDrive. Новиот систем е полесен, покомпактен и повеќе од 40 проценти поисплатлив од верзијата eDrive што се користи денес. Неговата потрошувачка на енергија се предвидува да биде до 25 проценти помала од денешната верзија. Електричната архитектура е дизајнирана да го покрие целото портфолио на производителот на автомобили.
Технологијата Neue Klasse ќе поткрепи шест модели пред крајот на деценијата. Kон крајот на 2025 година треба да се појави iX3 и ќе се произведува во новата фабрика на BMW во Унгарија, додека продолжената верзија ќе се прави во Кина. Во 2026 година BMW ќе започне со производство на лимузина со големина од серијата 3 во фабриката во Минхен.
Подоцна, производството ќе започне во Мексико и Кина. Истата година се очекува седанот со купето форма iX4, а во 2027 треба да се појави неговата караван варијанта. Шестиот планиран модел е компактен кросовер, кој најверојатно ќе го замени iX1.
Со доаѓањето на Neue Klasse, BMW ќе воведе нова номенклатура за да се избегне забуната на клиентите за време на транзицијата кон електричната ера. Електричниот седан со големина од серијата 3 ќе биде означен како i320 или i330 во зависност од спецификациите, додека автомобилите од серијата 3 ќе бидат означени како 320 и 330, отфрлајќи го „i“ за бензинските и „d“ за дизел верзиите.