BMW – Серијата 5 со два приклучни хибриди

530e и 550e xDrive ја комплетираат понудата на Баварците. Тие им се приклучуваат на електричните и верзиите со мотори на согорување.

Новата серија 5 сега е комплетна со својата понуда. Двата нови приклучни хибриди ја акцентираат определбата на компанијата за еколошко движење низ урбаните средини. Тоа го овозможува високонапонската батерија што обезбедува зголемена употреблива енергетска содржина до 19,4 kWh која ќе го храни електромоторот од 83 до 103 километри.

Максималната моќност на полнење е двојно зголемена во споредба со претходните модели и сега е 7,4 kW, така што батеријата може да се наполни од нула до 100 проценти во рок од три часа и 15 минути. Првиот модел ја носи ознаката 530e. Неговиот дво литрен четирицилиндричен бензински бензинец поврзан е со електричен мотор интегриран во осумстепениот автоматски менувач.

Комбинацијата дава комбинирана моќност од 299 КС и 450 Nm вртежен момент. Благодарение на моќната и ефикасна погонска група, моделот може да забрза од стотка за 6,3 секунди, да достигне максимална брзина од 230 km/h и да се движи од 93 до 103 км само на електрична енергија во циклусот WLTP.

550e xDrive по конструкција е сличен, но има корист од помоќниот електричен мотор и се разбира посакуваниот три литрен шестак. Неговите  489 коњи и 700 Nm се пренесуваат на сите тркала а од 0 до 100 км/ч му требаат само 4,3 секунди, додека максималната брзина се искачува на електронски ограничени 250 km/h.

Од разбирливи причини електричната автономија е намалена помеѓу 83 и 90 км. Ако е за утеха, волуменот на багажникот останува недопрен. Двете верзии имаат проширена стандардна опрема во споредба со моделите со 48-волтен благ хибрид. Во Германија се очекува цената, во зависност од изведбата, да се движи помеѓу 67 и 80 илјади евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER