Со вкупно 15 БЕВ во повисокиот ценовен сегмент, групацијата BMW сака да го зголеми својот профит
Острицата на мечот ќе бидат BMW i7 и Rolls Royce Spectre кои ќе донесат профит оваа година, дури и кога глобална побарувачка за ЕВ е нестабилна. Овој заклучок се темели на благиот раст на пласманот во Северна Америка, Кина и Европа кој се очекува оваа година.
Поради тоа Баварците прогнозираат дека целосно електричните возила во горниот премиум сегмент ќе им донесат добра заработка. Воедно, групацијата очекува дека трите марки, BMW, Mini и Rolls-Royce, оваа година да имаат малку повисоки пласман отколку во 2023. BMW ги надминува своите ривали од премиум сегментот во продажба на БЕВ, освојувајќи приближно 15 проценти од глобалниот пазар.
Групацијата BMW има за цел да го зголеми уделот на пазарот оваа година со продажба од половина милион БЕВ со своите 15 модели. Во меѓувреме, конкурентот Mercedes очекува продажбата на ЕВ и приклучни хибриди да останат на минатогодишното ниво, а Audi посочи дека го намалува лансирањето на новите електрични модели за да избегне преоптоварување на неговите фабрики. Најголемиот проблем за BMW е жестока конкуренција во Кина, неговиот најголем пазар, каде владее силен ценовен притисок.
Маргината на раст, предвидена помеѓу 8 и 10 проценти, се заснова на високите инвестиции во новата генерација БЕВ Neue Klasse кои на пазарот ќе се појават кон крајот на 2025 година. Досега претставени се седанот и спортско-активното возило базирани на новата платформа, со која компанијата ќе ги намали трошоците за батериите на половина од сегашното ниво и ќе ја зголеми автономијата на возилата за 30 проценти.
Воедно, возилата ќе овозможат и двонасочно полнење, што им овозможува на потрошувачите да го користат возилото како резервна батерија за нивниот дом. BMW, по ланското претставањето на седанот Vision Neue Klasse на автосалонот IAA во Минхен, од каде известувавме, вчера го претстави Vision Neue Klasse X, вториот модел од следната генерација на БЕВ на овој производител.
Vision Neue Klasse X има интегриран процесорски систем за кој BMW вели дека е единствен во индустријата. Во прилог на оптимистичкиот став на менаџментот оди фактот дека цените на користените автомобили, кои се зголемија во време на пандемијата поради недостигот во синџирот на снабдување го намали производството на нови автомобили, сега се намалуваат бидејќи производителите на автомобили го зголемуваат производството.