BMW и Mercedes дигнаа рачна

Вести

BMW и Mercedes дигнаа рачна

Отворен брак во име на автономните технологии

04.07.2020

Групацијата BMW и Mercedes -Benz AG ја ставаат својата соработка за развој на следната генерација на технологии за автономно возење во привремено мирување. По деталното разгледување, двете компании постигнаа меѓусебен и пријателски договор да се концентрираат на постојните развојни патишта што може да вклучува и работа со сегашни или нови партнери. И двата гиганти експлицитно сакаа да потенцираат дека тесната соработка може да се продолжи подоцна, и дека основниот пристап на двете компании за прашања како што се безбедноста и придобивките на клиентите во областа на автономното возење остануваат високо компатибилни.

Сепак деталните експертски дискусии на двете компании доведоа до заклучок дека не е вистинско време за успешно спроведување на соработката поради високите трошоци за создавање на заедничка технолошка платформа како и тековните деловни и економски услови.BMW систематски ја развиваше технологија и платформата со партнери како Intel, Mobileye, FCA и Ansys. Сегашната технологија на сино-белиот пропелер нуди многу силен, одржлив потенцијал а модуларниот систем има одлична перспектива.Со овој заклучок се сложуваат и од таборот на „Штутгартската ѕвезда“ според чија експертиза ја надополнува онаа на БМВ групата. Mercedes-Benz сака брзо да се приспособи за идни предизвици на брзо менување на животната средина па затоа разгледуваат и други можности со партнери надвор од автомобилскиот сектор.И двете компании истакнаа дека тие ќе продолжат да работат во тесна соработка на преостанатите полиња според планираното. Во 2015 година се здружија со Audi AG за да се здобијат со локација и технолошка платформа HERE, која сега има многу широка и меѓународна акционерска структура. Во почетокот на 2019 година, Групацијата БМВ и Дајмлер АГ исто така ги обединија своите услуги за мобилност во заедничко вложување под чадорот на семејството NOW.

клучни зборови: ,