Бензинот поскап, дизелот поевтин
Официјално, според денешната одлука на регулаторната комисија се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати
Врз основа на своите законски овластувања регулаторна комисија за енергетика изврши зголемување на горивата кај нас за 0,24%. Тоа е во просек а поединечно цената на бензинот порасна за еден денар а на дизелот се намали така што во текот на наредните седум дена за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 75, за еуросупер БС-98 по 77 а за литар дизел Д-Е V по 69,50 денари. Причината за ова се движењата на цените на нафтените деривати на светските берзи кои кај бензините пораснаа за 2,201% а кај дизелот се намалија за 3,334% додека доларот поскапе за 1,0266%.

