Четвртата генерација на Continental GT, Continental GT Convertible и Flying Spur, сега е достапна со приклучен хибриден погон
Ветувањето дека ќе има голема понуда на електрифицирани модели Bentley го одржа. Сега дури три модели добија изведба со приклучен хибрид, погон нé само што ги направи „позелени“, туку и со посилни перформанси.
Главен виновник е, во куќата наречен Ultra Performance погон, кој се состои од V8 бензински мотор впарен со елктро-мотор, комбинација што овозможува високи перформанси. Нив ги вади од четири литрен бензинец и моќен електричен мотор за да развие максимална моќност од 680 КС и вртежен момент од 930 Nm.
Овој погон се нуди во сите каросериски стилови, од оние со две и четири врати, во избор на нови основни изведби или варијантите Azure. Интересно е што хибридниот Continental GT ги надминува перформансите на изведбата Speed со W12 мотор по сите параметри на моќност, вртежен момент и забрзување, а воедно добива енергија од батериите за 80 км во електричен режим на возење.
Забрзувањето од стоечка позиција до 100 км/ч трае само 3,7 секунди. Оптегнатите крилја од Кру сега имаат вкупно девет варијанти на електрифицирани модели што го прават не само бренд со најмногу вакви изведби, туку и нај зелен помеѓу супер автомобилите.