Ultra Performance V8 Hybrid го наследува W12 како врвна погонска единица на Bentley
Култниот шест литарски твин турбо W12 мотор на Bentley заминува во пензија ова лето. Во две децениската кариера тој достигна производство од 105.000 единици и беше резервиран за најсилните верзии на „летечкото Б“.
Него ќе го замени новиот Ultra Performance Hybrid кој развива поголема моќност и четирицифрен вртежен момент. Хибридниот V8 има повеќе од 750 КС и автономија од 80 километри на електрична енергија. Тоа е 91 КС повеќе од W12 моторот и најголемата моќност понудена досега во Bentley што доликува на новата генерација возила.
Повеќе детали за новиот електрифициран погон ќе бидат објавени во текот на следните недели.