Претставувајќи ја Bentayga PHEV, Bentley го префрла фокусот на приклучните хибриди, а првото БЕВ го пролонгира за 2027 година
Бентли го одложи лансирањето на својот прв БЕВ со батерии и ја отфрли својата цел да стане целосно електричен до 2030 година. Фокусот е пренасочен на верзиите со приклучен хибрид на своите модели.
Сепак, луксузната марка на Volkswagen Group сè уште е посветена на својата стратегија да се префрли само на електрична енергија. Се очекува да го претстави својот прв целосно електричен автомобил во 2026 година, а испораката да започне во 2027 година. Bentley првично планираше да го лансира своето прво БЕВ во 2025 година, проследено со уште четири целосно електрични автомобили на растојание од една година, со што би станала марка само со електрични возила во понудата до 2030 година.
Рокот за потполна електрификација е поместен, но Bentley се држи до своите првични планови направени во 2020 година на сите свои модели со мотори со согорување да ги трансформира во приклучни хибриди до 2026 година. Во понудата се адекватни изведби на седанот Flying Spur и Bentayga, а летово на списокот ќе се приклучат Continental GT и Flying Spur со V8 мотор со електрифициран погонски систем.
Извршниот директор, Адриан Холмарк, изјави дека доцнењето на првото БЕВ на Bentley е повеќе поврзано со внатрешни технички проблеми, а не со забавување на продажбата на целосно електрични автомобили. Планираниот целосно електричен автомобил на Bentley првично беше закочен поради софтверските проблеми на VW Group што ги одложи електричните Porsche Macan и Audi Q6 E-tron кои се базирани на новата PPE платформа на групата. Доцнењето сега е поради батеријата и нејзината архитектурата која мора има капацитет да достигне автономија од 600 километри.