Дефинитивно стигнува при крајот на 2026-тата
Bentley ги корегирaше амбициите од својот Beyond100 план во кој главна точка е откажувањето од транзицијата кон комплетно електрична марка планирано за 2035-та година. Но иако место тоа ќе се стави акцент на плаг-ин хибридите а векот на бензинските модели ќе биде продолжен, потврдено е доаѓањето на првиот електричен модел. Се работи за SUV кој од компанијата го нарекуваат луксузен урбан кој ќе подржува полнење со струја за поминување сто милји односно 161 километар за седум минути. Со должината под пет метри ќе биде од Bentayga, а премиерата ќе ја има при крајот на идната година. Профилот ќе му биде поспортски, налик на Range Rover Velar на кој се истакнуваат стрмното ветробранско стакло и високите бокови. Под лимот веројатно ќе дели многу што со електричниот Porsche Cayenne.


