Новиот Ultra Performance Hybrid погон на Bentley ќе има погон на сите тркала и значајно намалена потрошувачка
На почетокот на летото се очекува Bentley да ја претстави новата, четврта генерација, на Continental GT. Ова купе игра важна улога во историјата на компанијата и во 22-те години од постоењето на моделот соборени се брзински рекорди и нанижани се многу победи на шампионати и трки на издржливост низ целиот свет. На глобално ниво, Continental GT е вториот најпопуларен модел на Bentley, зад Bentayga, а еден од секои три продадени Bentley е Continental GT.
Затоа нема да се прават компромиси и новата генерација ќе биде нешто посебно. Не само што ќе биде најмоќниот и најдинамично способен сериски автомобил на Bentley, новиот Continental GT ќе испорачува 782 КС и 1000 Nm вртежен момент. Воедно ќе има автономија од 80 километри само на струја и ќе емитува помалку од 50 г/км според WLTP. Тој ќе биде опремен со најнова технологија вклучувајќи активен погон на сите тркала со управување и векторирање на вртежниот момент, и електронски контролиран диференцијал. Bentley ќе ги обзнани сите детали на најавената премиера закажана за следниот месец.


