Bentley Continental GT V8 :: Ориентиран кон возачот

Ориентиран кон возачот

Новата V8 верзија на Bentley Continental GT V8 најпрво ќе биде достапна само на Американците

Објавено на 22 март 2019 година

Година ипол по неговата нова генерација, Bentley ја претстави поскромната V8 верзија на Continental GT. Сепак значењето на зборот „скромно“ сфатете го условно бидејќи кај Bentley нема ништо скромно. Таков е и новиот GT V8 чиј 4-литарски мотор развива 550 коњски сили. Спарен со 8-степен автоматски менувач и погон на сите тркала тој ќе го дотера до максимални 318 километри на час, притоа забрзувајќи до првите сто за точно 4 секунди. Овие бројки се доста слични со верзијата со 6-литарскиот W12 мастодон, освен оние за потрошувачката и емисиите кои треба да бидат за една четвртина пониски. Тоа е постигнато со новиот систем за деактивирање на половина од цилиндрите кога сета сила не е потребна, како и со старт-стоп системот кој ја запира работата на моторот пред возилото сосема да застане. И цената ќе се разликува, но не до толку – таа во моментот не е објавена и се очекува да биде пониска за околу 10.000 фунти. Другото сé е исто. Нанапред поместената предна оска овозможи поелегантен изглед и помирно возење, а зголемената широчина повеќе простор за луксуз во внатрешноста.

Од Bentley велат дека V8 верзиите на Continental GT се повеќе ориентирани кон возачот, заради што имаат вградено шупливи стабилизатори на двете оски кои обезбедуваат подобра управливост. Исто така и адаптивната шасија и воздушното ослонување специјално се прилагодени на тоа. Први купувачи на Bentley Continental GT V8 ќе бидат Американците кои ќе го добијат наесен, а останатите на него ќе чекаат до догодина ова време. На располагање ќе биде во купе и кабриолет верзии, чиј платнен покрив се отвора за 19 секунди.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER