Bentley – Continental GT Speed

Вести Поглед во иднината

Крилја со најмногу сила

Bentley го најави за третиот квартал својот најсилен модел

објавено 25. март 2021

Најмоќното сериско возило што ќе излезе од Круи се вика Continental GT Speed.

Неговиот пласман е закажан есенва кога на сила ќе стапи ревидираниот шест литарски W12 мотор кој сега испорачува 659 КС, што е за 24 коњи повеќе отколку кај Continental GT. Максималниот вртежен момент е 900 Nm!

Овие податоци ветуваат дека додавката Speed ќе биде оправдана со забрзување до 100 км/ч за 3,6 секунди и максимална брзина од 335 км/ч. Осум-брзинскиот менувач со двојна спојка ги менува брзините во спортскиот режим двапати побрзо отколку кај стандардниот W12 модел. Ексклузивната внатрешност од кожа и Алкантара е достапна во 15 бои и единаесет дополнителни комбинации на декор.