Bentley – Breitling

Вести

Крилјата се разделуваат

По 19 годишна соработка и дузина посебни модели, Bentley и Breitling се разидуваат

објавено 12. август 2021

Партнерството помеѓу луксузните автомобилска и часовникарска марки започнато во 2002 година, до крајот на тековнава прекинува. Во минатите две декади Bentley и Breitling заеднички достигнаа високо ниво на луксуз и престиж кој останува да живее. Двата бренда беа нераздвојни па затоа се разделија како пријатели и долгогодишни соработници кои работеа на унапредување на луксузот. Затоа и последното заедничко остварување, Breitling Premier B21 Chronograph Tourbillon 42 Bentley Limited Edition ќе стане колекционерско парче чија цена ќе биде висока.

Не само поради механизмот и раскошот со кој е направен часовникот, туку и заради симболиката дека е последниот производ направен во соработката на Bentley и Breitling. Premier B21 Chronograph Tourbillon 42 Bentley Limited Edition ќе биде произведен во 25 примероци и веќе се распродадени. Како вистински џентлмени и двете страни не обелоденуваат по која цена.