Ако може Bugatti,  може и Bentley!

Реинкарнација по девет деции

објавено 16. декември 2020

Светот на супер автомобилите е полн со историја. Марките кои имаат сопствен клуб за дружење и не се мешаат со останатите се перчат со долго и успешно минато. Реинкарнирањето на значајните модели го започна Bugatti со својот електричен Baby, кој е електрифицирана верзија на постоечки модел од минатото. Да не остане покусо Bentley возврати со најава на лимитирана серија на моделот Blower од 1929 година со снагатарски 4,5 литрен мотор!

Името Bentley има завидно тркачко минато. Во првите неколку децении на минатиот век Bentley беше не само автомобил или тркачки тим. Тоа беше начин на живот исполнет со возбуда, забава и безгрижност на младите британски аристократи чиј прекар беше  Bentley Boys. Тие имаа пари и време да се занимаваат со овој скап спорт. Деведесет години подоцна, како омаж на овие изгубени вредности, повторно во живот се враќа Bentley Blower во оригиналните димензии и мотор. Специјалното одделение на ”летечкото Б” Mulliner инвестираше 40.000 работни часови за да се направи прототипот што го гледаме. За него беа направени 2.000 посебно дизајнирани и изработени делови, а направен е рачно  благодарение на сочуваните цртежи и ласерски скениран натпреварувачкиот автомобил на Сер Хенри Биркин со 4,5 литрен мотор. Прототипот влегува во фаза на тестирање на патека каде со симулации и режими на возење за 8.000 извозени километри се добиваат резултати еквивалентни за изминати 35.000 километри во секојдневна употреба. Добиените резултати ќе се аплицираат на дванаесетте возила кои треба да се изработат за веќе познати купувачи кои авансно ја извршиле својата уплата. Покрај рачната изработка која обединува техники на склопување од дваесеттите години на минатиот век и ултра модерни материјали, се доработува 4,5 литрениот мотор со алуминиумски клипови и брегаста оска. Се уште во тајност се чува неговата конфигурација. Секако дека се очекува зголемена сила бидејќи оригиналниот мотор развиваше 180 коњи од истата зафатнина. Во тек на 2021 година треба да се испорачаат нарачаните автомобили кога ќе се добијат прецизни податоци за перформансите. Цената нема да се објави, но затоа има фотографии за уживање.

 

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER