Bentley – Bentayga S

насловна фото галерии

Деталите ја прават целината

Најновиот рафинат на луксузниот теренец ја надградува понудата и перформансите

објавено 26. мај 2021

Да се има богати муштерии не е лесно. На нив секогаш мора да им се даваат аргументи зошто да го купат производот што се нуди. Затоа Bentley никогаш не се опушта и редовно ги надградува своите изведби. Таков е случајот со Bentayga  која го доби рафинатот со ознаката ”Ѕ“.

Кај племенитата марка од Кру тоа повеќе се однесува на естетските решенија кои се во прв план. Иако сѐ асоцира на спортски перформанси сепак за сопствениците е поважно чувството кое го добиваат во кабината. Затоа луксузот својствен за Bentley е приспособен на спортските карактеристики и интеракцијата помеѓу возилото и возачот па на секаде можат да се забележат емотивни детаљи кои ве потсетуваат на можностите на механиката.

 

Покрај кожниот ентериер вметнати се површини пресвлечени со алкантара, сите шевови се направени со црвен конец а играта на бои и материјали импресионира. Мускулозниот дизајн на надворешноста го потенцираат тркалата од 22 инчи, четирите издувни цевки, спојлерот над поклопецот на багажникот како и  во црно офарбаните надворешни елементи. Она што не е забележливо за немите посматрачи е механиката.

Потпирањето е калибрирано да подобра динамика на возење, 4 литрениот би-турбо V8 развива 550 КС аргументирани со 770 Nm. Тоа е доволно спринтот до стотка да се помине за 4,5 секунди и де продолжи да забрзува до 290 км/ч! На тоа е додаден умерен 48V хибрид кој по потреба може да го дуплира вртежниот момент со цел да се зголеми припојувањето на тлото и да се обезбедат извонредни карактеристики во свиоци. Досега 25.000 купувачи се одлучиле за Bentayga, а изведбата Ѕ е четврта во понудата.